Афера Галеника – осумина приведени поради 12 милиони евра

Полицијата во Белград денеска приведе осум лица осомничени за малверзации во работењето во фармацевтската компанија Галеника. Директорот на полицијата Милорад Вељовиќ изјави денеска дека до сега е утврдено дека компанијата Галеника со малверзации во работењето е оштетена за 12 милиони евра. Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека партиската припадност на приведените во случајот Галеника нема да вијае на тоа како надлежните институции ќе го водат овој случај .