Авганистан - Парламентот ја прекина дебатата за законот за права на жените

Тврдокорните авганистански пратеници ја блокираа дебатата за законот со кој жените се превенираат од насилство. Авганистанскиот закон за спречување на насилството врз жените ги штити жените од силувања, принуден брак и трговија со жени. Парламентарниот спикер ја прекина дебатата поради силното противање на опозициските тврдокорни пратеници за кои законот е анти исламски. Барањето за усвојување на законот во Парламентот дојде од женските активисти.