Во САД 60 повредени во судар на два воза

Официјални претставници соопштија дека 60 лица се повредени во судар на два приградски воза во американската сојузна држава Конектикат.Несреќата се случила синоќа околу 18 часот по локално време. До несреќата дошло кога еден од возовите кој одел источно од станицата Гранд централ во Њујорк искочил од шините кога на него налетал другиот воз кој се движел на соседната трака. Инстражните инспектори засега не знаат зошто првиот воз излетал од шините.