Пратеник на Златна зора исфрлен од грчкото собрание

Пратеник на неонацистичката партија Златна зора денеска бил отстранет од собранието на Грција бидејќи навредувал колега од левичарската партија Сириза, при што друг пратеник на Златна зора три пати викнал „Хајл Хитлер“. Грчките медиуми јавуваат дека пратеникот на Златна зора Панајотис Илиопулос најпрвин вербално го нападнал лидерот на Сириза Алексис Ципрас, по што било наредено тој да биде отстранет од салата. При изведувањето, неговиот сопартиец Христос Папас отпоздравил со познатиот нацистички поздрав.