„Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција

Меѓународната агенција „Мудис“ го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Турција до инвестициско ниво „Баа3“. Агенцијата ја определи перспективата за рејтингот како „стабилна“. Одлуката за зголемување е поврзана со засилените позитивни тенденции во турската економија и набљудуваното заздравување на националниот финансиски сектор. Анкара е многу подобро заштитена од евентуални надворешни негативни економски влијанија, поточно од ЕУ, истакнува „Мудис“.