Дејвид Бекам оди во пензија

Дејвид Бекам

Англиската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам најави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната. Според соопштението, 38 годишниот Бекам наведува дека сега е вистинското време да ја заврши неговата кариера, играејќи на највисоко ниво. Бекам, кој е поранешен капитен на англиската репрезентација, потпиша пет месечен договор со ПСЖ во јануари и ја донираше целата негова плата во добротворни цели.
Бекам освои 19 трофеи и е единствениот англиски играч кој освоил првенства во четири земји. Тој играше за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси и ПСЖ.