Карзаи го осуди нападот во Кабул

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи најостро го осуди бомбашкиот напад врз конвој со странски војници во Кабул. НАТО соопшти дека двајца војници и четворица цивили загинале во експлозијата, но не ја наведе националноста на жртвите. Муслиманска милитанта група ја презеде одговорноста за нападот.