Борисов ќе бара поништување на изборите

Поранешниот бугарски премиер и лидер на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија Бојко Борисов

Поранешниот бугарски премиер и лидер на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија Бојко Борисов најави дека ќе бара поништување на резултатите од парламентарните избори кои се одржаа на 12 мај. Тој порача дека партијата ќе поднесе жалба до Уставниот суд поради грубо кршење на законите пред гласањето. Неправилностите за кои говори Борисов се однесуваат на откривањето на 350.000 фалсификувани гласачки ливчиња на денот пред изборите.