Серија напади во Ирак

Во Ирак денеска имало уште најмалку два бомбашки напади, по вчерашните инциденти во кои загинаа повеќе од 30 лица. Властите соопштија дека експлозиите се случиле во шиитските населби во Багдад, каде загинале најмалку 12 лица, а 30 биле повредени. Бомбашки напади имало и во северен Ирак, при кои загинале најмалку седум лица.