Градоначалник со фрлање паричка

Двајцата кандидати кои на изборите за градоначалник на Сан Теодоро на Филипините освоиле ист број гласови решиле да ја прифатат препорката на Изборната комисија и да фрлат паричка за да се реши кој ќе ја преземе функцијата. Според правилата што ги постави Комисијата, паричката се фрлала пет пати, по што Марвик Ферарен го победил Бојет Пи. Ваквиот начин на решавање на победникот е дозволен со филипинските изборни закони.