Слика на Полок продадена за над 58 милиони долари

Сликата со наслов „Број 19“ на уметникот Џексон Полок вчера во аукциската куќа Кристис во Њујорк е продадена за рекордни 58,4 милиони долари. Сликата е нацртана во 1948 година во претпознатливиот стил на Полок. Претходната рекордна цена за едно дело на Полок беше над 40 милиони долари.