ММФ му позајми на Кипар 86 милиони евра

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека го одобрил планот за финансиска помош за Кипар и ја отпуштил првата транша од 86 милиони евра. ММФ ќе му достави на Кипар околу една милијарда евра за три години, во рамки на спасувачкиот план, во кој еврозоната учествува со девет милијарди евра.