ОН повика на политичка смена во Сирија

Генералното собрание на ОН вчера усвои резолуција со која се повикува на политичка транизиција во Сирија, но околу 70 земји одбија да гласаат „за“ поради поддршката која и се дава во резолуцијата на главната опозициска група во земјата јавува новинската агенци Асошиетет прес. Во резолуцијата која е предложена од арапските земји, а наиде на поддршка од САД е наведено дека опозицијата е политичкото решение на сириската криза. Русија гласаше „против“ тврдејќи дека резолуцијата е „контрапродуктивна и неодговорна“ во момент кога Вашингтон и Москва се обидуваат да ги седната на преговарачка маса сириската влада и опозицијата.