Обама: Оставка на шефот на даночната агенција

Американскиот претседател Барак Обама ја соопшти инфомацијата за оставката на шефот на даночната агенција. Причината за оставката е скандалот за неправедниот однос кон конзервативнивните партиски групи во земјата. Обама во својот говор во Вашингтон истакна дека оставката на вршителот на должност директор во агенцијата е дел од серијата мерки со кои треба да се обезбеди нов систем на проверки и заштитни мерки. Во скандалот, неколку вработени во агенцијата корителе клучни зборови како „ Чај партија “ или „ Патриот “ со цел да ги идентификуваат апликации на припадниците на конзервативните групи и кога тие бараат исполнување на правата како ослободување од даноци или слично, биле подложни на екстра контрола.