ОБСЕ го започна набљудувањето на изборите во Албанија

Изборните набљудувачи на ОБСЕ ја започнаа својата набљудувачка мисија за парламентарните избори во Албанија. Раководителот на мисијата Кони Мак Кормак изјави дека првата екипа од 15 набљудувачи на ОБСЕ пристигнала во главниот град Тирана, а уште околу 400 краткорочни набљудувачи ќе пристигнат непосредно пред гласањето. Околу 3,3 милиони албански гласачи на 23 јуни ќе избираат 140 пратеници со четиригодишен мандат.