САД-две компании на црната листа поради Иран

Две финансиски компании регистрирани во Обединетите Арапски Емирати се најдоа на црната листа на САД поради нивната соработка со иранска банка, која исто така се наоѓа на листата. Тоа значи дека на американските граѓани и компании им е забрането да соработуваат со компаниите.
Целиот имот на двете компании во САД е блокиран. Американската администрација на овој начин се обидува да изврши притисок врз Иран за нуклеарната програма.