Сириските бунтовници нападнале затвор во Алепо

Сириските бунтовници го нападнале затворот во градот Алепо со цел да ослободат стотици противници на владата кои се верува дека таму биле затворени. Сириската организација за човекови права соопшти дека опозициските борци се судриле со владините сили околу затворот.
Според нив, во објектот има 4000 затвореници, а околу 250 од нив биле затворени по почетокот на конфликтот во земјата во март во 2011 година. Нема информации за штета или повредени во нападот.