Пакистанска политичка партија за преговори со талибанците

Имран Кан

Пакистанската политичка партија предводена од поранешната крикет ѕвезда Имран Кан планира веднаш да започне преговори со талибанците доколку, како што се очекува, ја презеде контролата во локалното собрание во покраината Кибер. Пакистанското движење за правда освои мнозинство пратенички места на генералните избори во саботата. Кан повикал на преговори со талибанците по преземањето на локалната власт.