Обама ја осуди нетолеранцијата на даночниците кон конзервативиците

Американскиот претседател Барак Обама го осуди нетолерантното однесување на персоналот на даночната агенција по истрагата дека тие нефер ги третирале конзервативните групи кои и опонираат на неговата администрација.
Обама повика на одговорност по извештајот на Генералниот Инспекторат за даночните практики на Министерството за финансии.
Даночната служба ИРС ги користела зборовите "чај партија" и "Патриот" за да се идентификуваат апликациите на организации на конзервативците кои бараат да бидат ослободени од данок.
Во извештајот на Инспекторатот се наведува дека критериумите кои се користеле даваат впечаток дека Даночната Агенција не била непристрасна во извршувањето на својата задача.