Напад врз продавници за алкохол во Багдад

Најмалку 11 луѓе загинале откако вооружени лица отвориле оган во неколку продавници за алкохолни пијалаци во главниот град на Ирак, Багдад. Официјални претставници соопштија дека вооружените лица, кои се наоѓале во четири автомобили, нападнале синџир продавници за алкохол во зоната Зајуна во Багдад. Во синоќешниот напад има и најмалку петмина повредени. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.
Ваквите продавници се главна цел на екстремистички групи, затоа што алкохолот е забранет во Исламот, а и бидејќи во нив често работат припадници на прогонетите верски малцинства во Ирак.