Авганистан-Талибанците ослободија 4 турски државјани

Талибанците соопштија дека ги ослободиле преостанатите четворица турски државјани кои беа заробени кога нивниот хеликоптер се урна во источен Авганистан во минатиот месец. Според соопштението, тие биле ослободени како знак на добра волја и како исламски и хуманитарен гест на почит.
Четворицата други турски инжињери кои исто така беа заробени талибанците ги ослободија пред два дена.