Попоски на средба со Совндал и Вамен во Данска

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Данска оствари одвоени средби со неговиот колега Вили Совндал и со министерот за европски прашања Николаи Вамен. Попоски информирал за постигнатиот напредок во реформите, политичката агенда на Македонија во процесот на ЕУ и НАТО интеграцијата, како и за конкретните напори за интензивирање и унапредување на односите и соработката со нејзините непосредни соседи.
Совндал нагласил дека Данска останува поддржувач и пријател на Македонија. Вамен изразил уверување дека Македонија ќе продолжи со реализирањето на реформите и воедно ја реафирмирал поддршката во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.
Попоски на излагањето на Конференцијата под мотото „20 години што ја променија Европа: Копенхашките критериуми и проширувањето на Европската Унија“ истакнал дека Македонија нема друга алтернатива освен да го следи патот кон членство во ЕУ.