Џафери-Албанија со поддршка за Македонија во ЕУ и НАТО

Министерот за одбрана Талат Џафери

Продолжува цврстата поддршка за Македонија во нејзините напори за членство во евроатлантските институции. Ова е заедничката порака од државниот врв на Албанија на средбите кои денеска ги имаше министерот за одбрана на Македонија Талат Џафери во Тирана со претседателот Бујар Нишани, претседателката на Собранието Џозефина Топали, премиерот Сали Бериша и министерот за одбрана Арбен Имами. Според Џафери, Албанија ги поддржува и напорите за изнаоѓање одржливо и прифатливо решение околу прашањето за името со Грција.
Заедничка е и определбата, според него, да се продолжи и соработката во билатералните, регионалните и други проекти меѓу министерствата за одбрана и армиите на двете држави.