Исламистичко движење одговорно за нападот во Куета

Самоубиствен бомбашки напад во Куета

Исламистичкото движење на Узбекистан ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во пакистанскиот град Куета во неделата. Најмалку 6 лица загинаа, а повеќе од 60 беа повредени во нападот. Според соопштението, нападот бил извршен од страна на 52 годишен припадник на движењето, кој имал татарско потекло.
Нападот, како што е наведено, бил одговор на акцијата на пакистанската влада во едно верско училиште во минатиот месец, при која загинал припадник на движењето.