Потврдена затворската казна за Љубе Бошкоски

Љубе Бошкоски

Врховниот суд ја потврди казната од пет години затвор за Љубе Бошковски. Лидерот на Обединети за Македонија беше осуден за незаконско финансирање на партиската кампања за предвремените избори.
Бошковски најпрвин беше осуден од Кривичниот суд на седум години затвор, но по жалбата Апелациониот суд му ја намали казната за две години. Бошкоски се соочува со уште едно обвинение во случајот Ровер.