Средба на Путин со Нетанјаху во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги започна разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Сочи. Путин пред средбата изјави дека разговорите ќе бидат фокусирани на Сирија. Нетанјаху се очекува да изрази загриженост за планот на Москва да му продаде на режимот на претседателот Башар ал Асад антиракетни проектили.