Јапонија - Секс робинките во Втората Светска Војна биле неопходни

Градоначалникот на Осака изјави дека принудната проституција на стотици илјади азиските жени во пред и за време на Втората светска војна била потребна.
Според градоначалникот Тору Хашимото, сексуални робови биле потребни за да одржи дисциплината на јапонските војници кои ги ризикувале своите животи во битка.
Забелешките на Хашимото, кој е ко-лидер на конзервативната партија на Јапонија најверојатно ќе предизвикаат нови тензии со соседните азиски земји, кои долго време се жалат дека Јапонија не успеала целосно да ги признае воените злосторства.
Историчарите сметаат дека 200.000 жени, главно од Корејскиот Полуостров и Кина, биле принудени да даваат сексуални услуги на јапонски војници во воени бордели.