САД најави бојкот на конференција на Обединетите нации поради Иран

илустрација

Официјален Вашингтон најави бојкот на состаноците во рамки на Конференцијата за разоружување на Обединетите нации доколку Иран го превземе ротирачкото претседателство за организација на настанот овој месец. Портпаролот на мисијата на САД во Обединетите нации Ерин Пелтон изјави дека ако Иран ја води четиринеделната конференција, тоа би било спротивно на целите и задачите на самиот настан.