Заврши потрагата по преживеани во урнатата зграда во Бангладеш

Заврши потрагата по преживеани во урнатините на осумкатна зграда во Бангладеш. Над 1.000 лица загинаа во уривањето на погонот на текстилната фабрика. Спасувачките екипи се повлекоа доцна вчеравечер по тринеделна работа. Последното тело беше пронајдено во неделата вечер.