Италијанското обвинителство бара 6 години казна за Берлускони

Силвио Берлускони

Италијанските обвинители побараа затворска казна од шест години и забрана за вршење на јавна функција за поранешниот премиер Силвио Берлускони. Обвинителството го соопшти барањето за време на изложувањето на завршните аргументи во случајот на Берлускони, кој е обвинет за злоупотреба на функцијата и за секс со малолетна проститутка. Пред неколку дена Апелациониот суд ја потврди казната од четири години затвор за Берлускони за даночни измами.