Бомбашки напад во Либија, 9 жртви

Во експлозија на автомобил бомба пред болница во Либија загинале најмалку 9 лица, меѓу кои има и деца. Либиските власти соопштија дека во експлозијата бил целосно уништен ресторан и околни згради. Нападот е последниот во низата во земјата во последните недели. Безбедноста во Либија и натаму преставува проблем по соборувањето на режимот на лидерот Моамер Гадафи во 2011 година.