Лукашенко се сретна со Саркисјан во Ереван

Белорускиот претседател Александар Лукашенко со неговиот ерменски колега Серж Саркисјан

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во Ереван оствари средба со неговиот ерменски колега Серж Саркисјан. На средбата тие разговарале за билатералните односи, како и за трговската и економската соработка меѓу двете земји. Саркисјан изјави дека разговорот бил фокусиран и на соработката во рамки на организацијата за колективна безбедност предводена од Русија.
Лукашенко додал дека неговата земја е заинтересирана за искуството на Ерменија со производството на нуклеарна енергија.