Бомбашки напад во Авганистан, 10 жртви

Во бомба поставена покрај пат во авганистанската покраина Кандахар загинале најмалку 10 лица, а биле повредени 12. Локалните власти ги обвинија талибанците за нападот. Според нив, жртвите, меѓу кои има и жени и деца, патувале на погреб на две лица кои загинале во сличен инцидент пред два дена.