Британскиот премиер Камерон во САД

британскиот премиер Дејвид Камерон

Сиријскиот конфликт е на врвот на агендата на денешните разговори меѓу американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон во Вашингтон. Камерон во петокот во Москва за ситуацијата во Сирија разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин. Камерон и Обама се очекува да разговараат и за подготовките на самитот на Г8 што во идниот месец ќе се одржи во Северна Ирска.