Министерот Џафери во официјална посета на Албанија

Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери

Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Албанија. Тој ќе разговара со неговиот домаќин, министерот за одбрана Арбен Имами, а ќе има средби, меѓу другото, со претседателот Бујар Нишани и со претседатeлката на Собранието Јозефина Топали. Македонија и Албанија, меѓусебната соработка во одбраната и безбедноста ја темелат врз Спогодбата за билатерална соработка од 1998 година, Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за одбрана, како и во рамките на Јадранската повелба.