Најмалку 17 лица застрелани во Њу Орлеанс

Илустрација.

Најмалку 17 луѓе се повредени со огнено оружје во пукотници за време на парадата по повод Денот на мајката во американскиот град Њу Орлеанс. Меѓу ранетите има и едно 10-годишно дете, но нема загинати. Полицијата е во потрага по тројца луѓе осомничени за нападот. Сè уште не се познати мотивите за нападот. ФБИ соопшти дека не се сомневаат во тероризам и оти веројатно се работи за „чин на улично насилство во Њу Орлеанс“.