Бомбашки напад во Пакистан, 6 жртви

Шест луѓе се убиени во самоубиствен напад со автомобил бомба во Куета, главниот град на провинцијата Балочистан во југозападен Пакистан, соопштуваат властите. Бомбата експлодирала во близина на домот на шефот на полицијата на Балочистан, генерал Муштак Сухера, но тој не бил повреден. Двајца од жртвите се полицајци, тројца се припадници на паравоена формација, а еден е случаен минувач. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во немирната провинција Балочистан, која се граничи со Авганистан и со Иран, напади често извршуваат сунитските екстремисти, но и балучките сепаратисти.