Ослободени четворица турски државјани во Авганистан

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека талибанците ослободиле четворица турски инжињери во Авганистан. Говорејќи на собир во Истанбул тој рече дека тие биле меѓу осумте турски државјани кои беа киднапирани, откако хеликоптерот во кој се превезуваа се урна во југоисточен Авганистан. Според него, благодарение на турската разузнавачка служба тие се безбедни.