Нетанјаху ќе ја посети Русија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наскоро ќе отпатува за Русија за да разговара за ситуацијата во Сирија со рускиот претседател Владимир Путин. Министерот за енергија и вода Силван Шалом изјави дека Израел е одлучен во намерата да го стопира планот на Русија за продажба на антиракетни батерии на владата на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Според него, таквата продажба ќе го наруши балансот на силите во регионот и ќе им биде потешко на земјите кои бараат промени во Сирија да преземат некаква акција.