Кенијците повторно победници на скопскиот маратон

На Скопскиот маратон на сите четири трки денеска учествуваа рекордни 4.900 натпреварувачи од 36 земји од сите континенти. Првото место кај мажите го освои Biwot Wychiffe Kipkorir од Кенија, а кај жените Kipruto Caroline Jemeli, исто така од Кенија. Македонското државно првенство го освои Ристе Лазаров додека пак од жените Весна Кираџиева.
Во трката на најдолгата маратонска патека од 42 км се натпреваруваа околу 200 натпреварувачи, а за полумаратонот стартуваа 600. Најмногу тркачи по скопските улици имаше за хуманитарната трка на 5.000 метри, каде што стартуваа околу 3.500 рекреативци. На детскиот Колгеит мини маратон трчаа 600 деца.