Барнс-авганистанските сили ја преземаат контролата

Американскиот заменик државен секретар Вилјам Барнс

Американскиот заменик државен секретар Вилјам Барнс изјави дека САД очекуваат авганистанските сили да ги предводат воените операции во нивната земја пред крајот на годинава. Барнс говорејќи при посетата на Кабул рече дека авганистанските сили веќе ги предводат 90 отсто од операциите против милитантите.
Тој порача дека останува планот за трансферот на контролата врз безбедноста во земјата на домашните сили до крајот на 2014 година кога ќе се повлечат странските сили.