Грузија-владејачката коалиција избра кандидат за претседател

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили

Владејачката грузиска коалиција го номинираше министерот за образование Георги Маргвелашвили за кандидат на престојните претседателски избори во октомври. Неговиот избор беше соопштен од грузискиот премиер Бидзина Иванишвили. Тој изјави дека одлуката била донесена едногласно од политичкиот совет на коалицијата, која ја сочинуваат шест партии кои имаат парламентарно мнозинство.