ОН и САД со осуда за нападите во Турција

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и американскиот државен секретар Џон Кери ги осудија нападите во јужниот турски град Рејханли на границата со Сирија, во кои загинаа 43 лица.
Бан Ки Мун изјави дека нема никакво оправдание за злосторствата и изрази надеж дека извршителите ќе бидат пронајдени. Кери изјави дека веста ги погодила сите и дека САД и изразуваат поддршка на Турција. Иран и Алжир исто така ги осудија нападите.