Кина-27 рудари загинале во експлозија на гас

Кинеските национални медиуми јавија дека 27 рудари загинале во експлозија на гас во југозападниот дел на земјата. Според нив, околу 180 рудари рбиле на работа кога се случила несреќата во рудник за јаглен во покраината Сичуан. Некои од преживеаните се наоѓаат во критична состојба. Рудниците во Кина се сметаат за најнебезбедните поради недоволната регулација и несоодветни оперативни процедури.