Парламентарни избори во Бугарија

Бугарските граѓани денеска ќе гласаат на вонредни парламентрани избори, кои беа распишани по оставката на владата на Бојко Борисов во февруари, иницирана од масовните граѓански протести против поскапувањето на електричната и топлинската енергија и корупцијата во државата.
Во бугарската Централна изборна комисија биле регистирани вкупно 63 партии, од кои 27 формираа осум предизборни коалиции, додека останатите ќе настапат самостојно.