Ѓулер-нападите се поврзани со организации поддржани од Сирија

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека одговорните за нападите во јужниот турски град Рејханли на границата со Сирија се поврзани со организации, поддржани од режимот во Дамаск. Вицепремиерот Бешир Аталај изјави дека според првичните сознанија на истрагата извршителите се од „внатрешноста на Турција“. Според него, случајот нема врска со сириската опозиција и со сириските бегалци. Аталај нагласи дека бројот на жртвите се зголемил на 43 лица, а 53 се потешко ранети и се хоспитализирани.
Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави во Берлин дека Турција го задржува своето право да преземе секаков вид мерки поради нападите.