Кратка евакуација во Белата куќа

Архивска фотографија.

Канцелариите од западното крило на Белата куќа накратко беа евакуирани откако беше детектиран чад в зградата, но на вработените наскоро им беше дозволено да се вратат назад. Нема индикации дека претседателот Барак Обама бил во опасност. Американските телевизии објавија дека Тајната служба истражува од каде доаѓал чадот. Канцеларијата на претседателот на високите функционери се наоѓаат во западното крило. На местото дошле и противпожарно возила. Сè уште нема официјално соопштение од Белата куќа.