Експлозии на границата меѓу Турција и Сирија

Границата меѓу Турција и Сирија.

Најмалку четири лица загинаа, а 18 се повредени од експлозии во град во близина на границата на Турција со Сирија, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Муамер Ѓулер. Тој вели дека се истражуваат причините за експлозиите во градот Рејханли. Некои медиуми јавија дека причина за експлозиите се автомобил-бомби. Градоначалникот на местото рече дека една од експлозиите се случила во близина на општинската зграда, а друга во близина на Поштата.