Во Пакистан се пука и се гласа

Набљудувачи на изборте се кријат од сонцето со капаците од гласачките кутии.

Изборната комисија на Пакистан соопшти дека одѕивот на гласачите во првите 5 часа од изборите е меѓу 20 и 25 отсто. Од комисијата велат дека одѕивот на гласачите е висок и покрај смртоносни напади и закани од страна на екстремистите. Пакистанските Талибанци ги осудија изборите и се заканија дека ќе го прекинат гласањето. Во бомбашки напад во Карачи се убиени 10 луѓе, а во одделен напад во Пешавар каде цел биле жени гласачи се повредени најмалку 22 лица.