Осуден поранешниот диктатор на Гватемала

Судот во Гватемала го осуди поранешниот диктатор Ефран Риос Монт на осумдесет години затвор за геноцид и злосторства против човештвото. Риос Монт, кој има 86 години може да поднесе жалба на казната. Обвиненијата се однесуваат на масакрите на домородното население за време на граѓанска војна во Гватемала меѓу 1960-1996. Неговоро владеење се смета за еден од најкрвавите периоди од 36-годишната војна меѓу војската и левичарските бунтовници. Под негово власт, армијата спроведувала кампања за силување, тортура и подметнување пожари против домородните народи, обвинувајќи ги за поддршка на бунтовничките сили. Се проценува дека над 200.000 луѓе се убиени во војната.